Вести Македонија

Судски одлучи парично да го казни судијата Пајазити

Судскиот совет оценил дека судијата од Кривичен Пајазит Пајазити сторил дисциплинска повреда, но не го разреши туку го казни со 6 месеци пониска плата од 30 проценти.  Постапката протв него беше инцирана за предметот со екстрадираниот косовец, припадник на УЧК Блерим Рамадани на кој му определи, па му го смени ефективниот притвор со домашен по што Рамадани избега.

Од судски совет не коментираат со обралзожение дека постапката е тајна но неофицијално Телма доби пртврда дека на седницата пред точно една недела бил парично казнет.

Според нашите извори предлогот за негово разрешување не го добил потребното мнозинство од 8 гласа, па потоа на ред дошле поблагите дисцпилниски мерки. Изгласана била паричната казна. Пајазити има право на жалба.

Покрај куќниот притвор друг аспект кој се оспоруваше во јавноста за овој случај и отповикувањето на согласноста за екстрадиција по скратена постапка, која Рамадани ја дал во присуство на неговиот адвокат и преведувач. По неколку дена судијата ја отповикал оваа одлука, откако адвокатот на Косовецот тоа го побарал со образложение дека имало недоразбирање. Во законот стои дека изјавата со која се дава согласност за екстрадиција по скратена постапка е неотповиклива.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе