Вести Свет

Зеленски: Двајца кинески војници се заробени во источна Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека шест кинески војници се бореле на страната на Русија против украинските сили, а двајца од нив биле заробени во источна Украина.

– Заробивме кинески војници на територијата на Украина. Украинците во Доњецката област Тарасовка и Белогоровка се бореа со шест кинески војници, од кои двајца беа заробени. Има релевантни документи – пасоши, дури и кредитни картички. Тие се кинески државјани. Мислам дека ова е многу важен момент, наведе Зеленски.

Тој истакна дека приклучувањето на Кина кон Северна Кореја и Иран во поддршката на руската агресија против Украина треба да ги принуди украинските партнери да ја преиспитаат својата реторика кон Пекинг.

– Севернокорејци се бореа против нас во регионот Курск. Кинези се борат на територијата на Украина. Мислам дека ова е многу важна точка за која треба да разговараме со нашите партнери. Мислам дека е итно. Разбирам дека ние сме силна земја, но не можеме да се бориме со многу земји во исто време, посочи Зеленски.

Тој нагласи дека се надева оти по оваа ситуација „Американците ќе почнат повеќе да разговараат со Украинците“.

Се надеваме дека и кинеската страна ќе одговори. Им наложив на министрите за надворешни работи и за одбрана да контактираат со нашите кинески колеги за да ни дадат објаснување за нивните постапки, наведе Зеленски.

Тој на Икс објави видео на кое се гледаат двајца заробени мажи.

Вклученоста на Кина, заедно со другите земји … во оваа војна во Европа е јасен сигнал дека Путин има намера да направи сè освен да стави крај на војната, напиша Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спротивставените изјави од Вашингтон сѐ уште ја брануваат глобалната трговија

Дејан Дејан

Серафимовски во „Да си кажеме“: Растот на цените на становите што го прикажуваат анализите на НБРМ не е реален

Дејан Дејан

Полицијата го деблокираше пристапот кон РТВ во Нови Сад, РТС под опсада на студентите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе