Вести Македонија

Притвор за двајца браќа осомничени за убиство од користољубие во кривопаланечко Луке- одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

  • Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор со изговор дека сака од него да купи ракија. Во дворот го удрил со мотика по главата, па двајцата заедно го влечеле и му нанеле уште неколку удари со предмет. Со пребарување по џебовите од жртвата одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле, по што ги пребарале куќата и помошните простории. На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења, соопштија од ОЈО Куманово.

Го намамиле да излезе во двор, го убиле, па телото го запалиле – расветлено убиството во село Луке, притвор за две лица

По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово одреди мерка притвор за двајцата осомничени, кои до целосното расчистување на настанот беа обезбедени со мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.

Тројца мажи од кривопаланечко Луке осомничени за убиство на 84-годишен маж, кој бил пријавен за исчезнат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството за сите 14 полицајци во истрагата за Кочани побара мерки на претпазливост, притворот укинат и на 7-те од првата група осомничени

Дејан Дејан

(Анкета)Битолчани и вечерва на протест против  Регионална депонија  

Дејан Дејан

Телма интервју со Еленко Миланов, адвокат на екс министрите за економија Бектеши и Незири за случајот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе