Вести Македонија

Македонија и Чешка eдинствени кои гласаа во ОН против правото на самоопределување на Палестинците

На седницата на Советот за човекови права на Обединетите нации минатата недела, Македонија гласаше против две резолуции за Палестина кои Советот ги усвои. Првата за која гласаше против се однесува на осудување на израелските колонијални практики на окупираните палестински територии. Резолуцијата помина со 34 гласа „за“, десет воздржани, како и три гласа „против“, меѓу кои, покрај Чешка и Етиопија, беше и нашата земја.

Против втората резолуција, со која се поддржува неотуѓивото право на палестинскиот народ на самоопределување, гласаа само две држави – Македонија и Чешка. Таа беше усвоена со 43 гласа „за“, а две земји се воздржаа од гласање.

Македонија досега никогаш не гласала против правото на самоопределување на палестинскиот народ. Мината година  во октомври земјава стана членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027. Генералното собрание на ООН оваа одлука ја донесе врз основа на „претходните залагања за човековите права, правата на малцински и ранливи групи и целокупниот корпус на мултиетничка демократија која ја развива државата“. Шефицата на Постојаната мисија на Македонија при Советот, Теута Агаи Демјаха, минатиот месец се најде меѓу деветтемина дипломатски претставници кои беа отповикани од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. МНР по отповикувањето не соопшти дека е назначен нов претставник на земјава во телото на ООН со седиште во Женева, па не е јасно кој гласал во име на Северна Македонија на седницата минатиот петок.

Од земјите на поранешна Југославија, која беше долгогодишен поддржувач на Палестина, нејзината независност, освен Македонија, ја немаат признаено и Хрватска и Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството за сите 14 полицајци во истрагата за Кочани побара мерки на претпазливост, притворот укинат и на 7-те од првата група осомничени

Дејан Дејан

(Анкета)Битолчани и вечерва на протест против  Регионална депонија  

Дејан Дејан

Телма интервју со Еленко Миланов, адвокат на екс министрите за економија Бектеши и Незири за случајот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе