Коалицијата „ Менуваме“, која што ги застапува правата на лицата со попреченост, бара од Општина Аеродром да ја надополни одлуката од 54 седица , со која беше исплатена еднократна парична помош за социјално загрозените и болни лица, кои примаат додаток за глувост, слепило, посебен детски додаток и др. Од Коалицијата бараат линеарна исплата за сите и да не се прави разлика меѓу лицата во социјален ризик, кои со одлуката добиле 6000 денари, а на болните кои добиваат додаток за слепило, глувост и посебен детски додаток им следувале по 3500 денари.
Сите што не добиле од лицата со попреченост , како што се слепите, со телесен инвалидитет , глуви и со друго интелектуално нарушување да си добијат линеарно по 6000 денари, кажа Суарет Алишан од Коалицијата „ Менуваме“.
Од Коалицијата реагираат и за списокот од 2023 година, според кој што Општина Аеродром ја подели еднократната помош.
Овој список сметаме дека е сомнителен бидејќи за краток период е донесен , изгласано е и исплатено. Меѓутоа, тоа се интерни барања кои што се поднесени во 2023 година, вели Суарет Алишан.
Алишан не се согласува и со терминологијата во одлуката, каде лицата со попреченост се третираат како болни, наспроти меѓународните документи во кои физичкиот хендикеп има третман на состојба, а не болест.
Од Општина Аеродром со одговор дека исплатата на еднократна парична помош по поднесени поединечни барања е за лекување различни болести како карцином, глувост и за децата со посебни потреби.
Висината на средствата била одредена со одлука на Советот, а барањата ги разгледале Комисијата за буџет и Комисијата за социјална заштита. Во врска со списокот од 2023 година, од општината велат дека станува збор за конечна и завршена постапка, со одлука на Советот од ноември истата година. А, при исплатата биле земени предвид и барањата од 2024 и од почетокот на 2025 година што ги исполнувале критериумите.
Сотир Трајков