Вести Свет Топ вести

Зеленски најави интензивирање на контактите со меѓународните партнери, особено со САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека им наредил на своите министри за одбрана и за надворешни работи да ги интензивираат контактите со меѓународните партнери, особено со САД, за да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана, вклучително и батерии „Патриот“, пред претстојниот состанок во формат на Рамштајн.

Зеленски рече дека се координираат два приоритета: „Провоздушната одбрана, особено „Патриотите“, и координација на распоредувањето – донесување одлуки што е можно поблиску и спроведување на сите детали.

Тој додаде д najaviка ги фокусирал своите напори и на билатералната работа, особено со Соединетите Американски Држави, „кои имаат капацитет да помогнат да се спречи секаков вид терор“.

„Потребни се правилни одлуки за да се заштитат што е можно повеќе животи од руски балистички напади. Зајакнувањето на нашиот воздушен штит значи и зајакнување на дипломатијата“, рече Зеленски.

Осврнувајќи се на неодамнешниот руски ракетен напад, украинскиот претседател тврди дека некои од ракетите биле лансирани од Црното Море и рече дека партнерите на Украина биле запознаени со бродовите и локациите кои се вклучени.

„Затоа Русија ја искривува дипломатијата и одбива безусловен прекин на огнот. Тие сакаат да ја зачуваат можноста за напад на нашите градови и пристаништа од море“, рече Зеленски.

Тој смета дека поморскиот прекин на огнот ќе донесе не само безбедна пловидба и безбедни рути за снабдување со храна, туку и поширока безбедност и мир.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова “бура” во 6-тата Управа на МВР- суспендирана началничка која си пишала 600 евра бонус иако според МВР не ги исполнила условите

Дејан Дејан

Joвановиќ: Берзите вртоглаво паѓаат, што значи дека штетата што ќе ја предизвикаат може да биде многу поголема од самите царини

Дејан Дејан

Брисел му понуди на Трамп „нула за нула“ царинска шема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе