Судирот меѓу Синдикатот и владеачката ВМРО-ДПМНЕ се продлабочува и сè поизвесно е дека во догледно време нема да има никаков договор околу минималната плата.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со притисоците врз ССМ, обвинувајќи дека синдикатот одработува за опозицијата и не се грижи за работниците.
Од таму, пак, порачаа дека ова е првпат владата сама да донесе одлука за минималецот, без да го консултира Економско-социјалниот совет. За утре најавуваат голем протест.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.