Настава под маски денеска низ училиштата во земјава. Најмалите со креативни маски седнаа во школските клупи облечени во костими на нивните омилени херои. Дел од нив со досетки за денот на шегата.
Вообичено, на овој ден во земјава дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекарки, како и ликови од цртани филмови.
Инаку денот на шегата се прославува различно во светот. Во Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат до пладне и оној кој прави трикови после пладне го нарекуваат „априли-ли-ли“ и го исмеваат, додека во Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија и други држави, луѓето се шегуваат во текот на цел ден.