Израелската војска соопшти дека нападнала зграда во јужните предградија на Бејрут, чија цел била член на милитантната група Хезболах.
Воздушниот напад рано утринава дојде без предупредување, откако Израел во петокот започна напади врз либанската престолнина Бејрут, за првпат откако прекинот на огнот стави крај на борбите меѓу израелските сили и милитантната група Хезболах во ноември.
Израелската војска тогаш ги предупреди жителите во преполните предградија пред нападот, откако два проектила беа лансирани од јужен Либан, кои Хезболах негираше дека ги истрелал. Хезболах засега не го коментира последниот напад.Во операцијата до сега нема потврда за жртви.