23 годишниот А.Д. од Скопје е лицето кое утрово од возило во движене во скопската населба Чаир извадило пиштол и испукало неколку куршуми во воздух.
МВР утврди дека било пукано од гасен пиштол „Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир.
Случајот бил пријавен во 8 часот утринава, а инцидентот се случил на улицата .„Цветан Димов”.
Полициски службеници го обезбедиле местото и биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол, додека по преземени мерки, бил пронајден А.Д.(23) од Скопје, лицето кое го управувало возилото „Ауди а3“.
Од СВР Скопје информираат дека со лицето е извршен службен разговор, при што тој појаснил дека пукал од гасен пиштол „Зораки”, кој се наоѓал во неговиот дом на подрачјето на Чаир.
По насоки од јавен обвинител, пиштолот бил одземен и против лицето се поднесени соодветни поднесоци, информира МВР.