Вести Македонија Топ вести

Бектеши спроведен во Кочани – обвинителството бара притвор, истрагата проширена за шест нови лица

Екс министерот за економија Крешник Бектеши по 24 часа минати во полициска станица со интервентна полиција беше изнесен и спроведен од полициска станица Карпош во кочанскиот суд.

Бектеши е еден од 14-мината за кои обвинителството бара краткотраен притвор. Ова го потврди државниот обвинител Коцевски кој информираше дека предистрагата за трагедијата во Кочани е проширена за шест нови лица.

Коцевкси потврди дека ќе се испитува и улогата на локалната полиција, но и на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов кој си поднесе оставка, а попладнево беше на распит пред обвинител, додека дел од другите осомничени беа во истата зграда, но пред судија на претходна постапка кој одлучува за 48-часовниот притвор.

Постапката засега се води за „тешки дела против општата сигурност“ за кое се предвидени затворски казни од најмалку три до најмногу 20 години. Но, се истражува и евентуално примање и давање поткуп, како и незаконска набавка на пиротехнички средства.

Обвинителите издале наредби за повеќе вештачења, обезбедување на видео снимки, документација, а извршени се претреси во министерството за економија и на уште две локации. Обвинителството вклучило и градежна и трудова инспелција, а денеска побарале инспекцискиот совет да лоцира одговорност.

Коцевски ветува брза и ефикасна истрага, а уверува дека пред лицето на правдата ќе бидат изведени сите одговорни.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе