Вести Македонија

Спасени две лица откако им се преврте чамец во Мавровското езеро

Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во акцијата учествуваше и спасувачкиот хеликоптер со специјален тим од САЕ „Тигар“ кој пристигна на брегот на езерото, подготвен за итна интервенција.

Истовремено, спасувачки тим со чамец се упати кон лицата кои се потпираа на својот превртен чамец. Во меѓувреме, според ЦУК, двете лица успеале да го вратат чамецот во нормална позиција и повторно да влезат во него.

Од водите на езерото се извлечени со помош на спасувачкиот тим.

Како што информираат од ЦУК, откако им се превртел чамецот, двете лица успеале да се задржат на него. Но, поради силниот ветер и брановите, со чамецот се движеле кон хидроцентралата.

За состојбата бил известен и директорот на ХЕЦ „Маврово“, со цел да го запре производството на електрична енергија за да се избегнат струите во езерото и да се сопре движењето на превртениот чамец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе