На првиот турнир од Мастерс серијата што се одржува во Индијан Велс се комплетираа дуелите од третото коло.
На женскиот дел од турнирот првата фаворитка Ирина Сабаленка со 6:1 и 6:2 ја совлада Лучија Бронѕети. Треторангираната Коко Гог беше поуспешна од Марија Сакари, Медисон Кис забележа победа над Елис Мертенс додека шестата носителка Јасмин Паолини во три сета ја елиминираше Жаклин Кристијан.
Турнирот заврши за фаворитката број 10, Ема Наваро по поразот од Дона Векиќ, а пласман во осминафиналето обезбедија уште Људмила Самсонова, Сонај Картал и Белинда Беничиќ.
Кај мажите денот мина без изненадувања. Светскиот рекет број 2, Карлоас Алкараз триумфираше над Денис Шаповалов, носителот број 3, Тејлор Фриц го совлада Алехандро Табило, а деветтиот фаворит Алекс де Минор славеше над Хуберт Хуркач.
Бен Шелтон беше поуспешен од Карен Хачанов, а Григор Димитров забележа победа над Гаел Монфис. Турнирот во Индијан Велс го продолжуваат Џек Дрејпер, Франциско Серундоло и Брендон Накашима.
ФОТО: Игор Паневски