Професорот по машинство во манир на спортистките вештини на неговиот претходникот, ја почнува борбата „удар во чело“ на правосудството. Кроше, директ или аперкат – што ќе следува по интерпелацијата?
Во Топ Тема дебата со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка и Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“.
„Kлучниот дел во оваа ситуација е начинот на кој е спроведена интерпелацијата особено временскиот период, бидејќи од сите досегашни истражувања, впрочем и во самите препораки од Оценската комисија на ЕУ може да се забележи дека е клучно е како да се најде начин да се изберат вистинските луѓе кои ќе бидат членови на Судскиот совет. Додека сме ние во процес на подготовка на новиот закон за Судскиот совет каде се вметнуваат вакви одредби за потранспарентен и појавен и поотчетен избор за членови во Советот ние некако брзаме претходно да ги спроведеме сите вакви постапки. Ако овие членови поднесат оставка, тогаш нивните наследници ќе треба да си изберат по постоечкото решение кое се покажува многу проблематично“ вели Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“.
Тој посочи дека ни во интерпелацијата не можеше да се види што е тоа што пратениците го земаат за зло кај членовите на Судски совет и зошто сметаат дека не ја извршуваат нивната функција соодветно.