Новак Ѓоковиќ доживеа шокантна елиминација во рамки на 2.коло на Индијан Велс од Ботик ван де Зандшулп. Србинот немал ваков очаен старт на сезоната точно 17 години.
Очигледно Ѓоковиќ е далеку од својата најдобра форма, па денеска на првиот настап на мастерсот во Калифорнија загуби од Зандшулп со 6-2, 3-6 и 6-1. Петкратниот шампион се мачеше на теренот, па поразот беше неминовен. Интересно Ѓоковиќ откако стигна до полуфиналето на Австралија опен, каде се повлече против Александер Зверев поради повреда, следуваа порази од Матео Беретини на стартот во Доха и сега против Холанѓанецот на Индијан Велс. Ѓоковиќ немал вака очаен старт на една сезона со три порази по ред уште од 2008 година.
Турнирот заврши и за уште еден носител, Андреј Рубљов, кој загуби од Матео Арналди во два сета. Карлос Алкараз немаше проблеми на својот прв меч и го победи Кентан Алис, потоа победи остварија и Тејлор Фриц, Хуберт Хуркач, Карен Хачанов, Григор Димитров, Бен Шелтон, Алекс де Минор и Гаел Монфилс.
На женскиот дел од мастерсот, првата фаворитка Арина Сабаленка ја победи Мекартни Кеслер во два сета. Третата носителка Коко Гоф играше три сета, но ја победи Мујока Учијама. Јасмин Паолини беше подобра од Ива Јовиќ, а Медисон Кијс ја победи Анастасија Потапова, додека победа оствари и Марија Сакари против Викторија Томова.