Вести Магазин

(Фото) Португалците го прославија карневалот на ѓаволи во селото Поденце

Колорит на бои ги исполнија улиците на селоте Поденце. Луѓе под маски во жолта, црвена и зелена боја парадираа на улиците со ѕвона прославувајќи го карневалот. Древнaта традиција се одржува години наназад.

Познатите Каретос се појавуваат како ѓаволски фигури, целосно облечени во шарени костуми за да ја исплашат и забавуваат толпата на посетители и локалното население како што тоа го правеле во минатото.

Се верува дека ритуалот е поврзан со старите пагански практики. Свеченостите го одбележуваат крајот на зимата и доаѓањето на пролетта, а се завршува со палењето на големата дрвена фигура „Ентрудо“.

Еден од најозогласените моменти на Каретос е перформативниот чин познат како „чокалхада“ кога “ѓаволите“ им приоѓаат на жените и девојките, скокајќи и танцувајќи околу нив.

Во денешно време на карневалот претежно учествуваат мажи без разлика дали се слободни или оженети, додека во минатото имало строго правило тие да бидат само слободни со мотив да ја побараат своја иднина сопружничка. Поради оваа причина, се верува дека дел од традицијата може да се поврзе и со старите ритуали за плодност.

Во денешно време и жените земаат учество носејќи ја облеката на своите татковци. Важна страна на веселбата е собирањето со пријателите и роднините, одењето дома и прославувајќи со пијалаци и храна.

Многу од  учесниците Каретоси живеат надвор од селото, но секогаш се враќаат за да учествуваат да го одбележат карневалот.

Шарената облека што ја носат Каретос е главно од волна и е локална рачна изработка. На половината како детаљ обично носат меѓу четири до осум ѕвона за да овозможат звуци и навестување на нивното минување низ улиците.

Свеченостите започнаа во текот на викендот, а завршија оваа недела. Зимските прослави на Поденце се признати од УНЕСКО во 2019 година како нематеријално културно наследство на човештвото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе