Вести Македонија

Форумот на жени на СДСМ со осуда за изјавата на министерката Кочоска кон пратеничката Петровска, бараат извинување

Опозициската СДСМ и Форумот на жени најостро ја осудуваат денешната срамна, навредувачка и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Кочовска кон пратеничката Славјанка Петровска.

„Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на сите граѓани, Кочовска посегна по коментирање на приватниот живот на Петровска, потсмевајќи и се дека нема семејство и дека не е мајка. Ова е уште една во низата потврди за тоа дека ДПМНЕ без никакви резерви и секогаш прибегнуваат кон дискриминација и понижување на жените. Кочовска се дрзна да ѝ каже на Петровска дека таа не знаела колку троши четиричлено семејство затоа што немала деца и живее сама. Во типичен и крајно дрзок дпмневски манир, Кочоска ѝ кажа на Петровска дека воопшто не ја почитува“, се вели во реакцијата на Форумот на жени на СДСМ.

Според нив, ова е најдолниот настан којшто се случил во македонскиот парламент.

„Бараме Кочовска да излезе и јавно да се извини на Петровска и на сите жени кои денеска ги омаловажи и ги понижи. Ги повикуваме и од Унијата на жени на ДПМНЕ, да реагираат и да ја осудат оваа срамна изјава заедно со навредите на Кочовска. Мора да се стави крај на дискриминацијата против жените и оние кои се борат за баланс помеѓу работниот, семејниот и социјалниот живот“, порачуваат од Форумот на на социјалдемократите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе