Магазин

Извадени 120 кубици отпад и 4 километри рибарски мрежи од дното на Охридско Езеро, во ланските акции на Скопска Пивара „НАША ГОРДОСТ, НАША ОДГОВОРНОСТ.“

ПЛАТФОРМАТА НА „СКОПСКО“ ПРОДОЛЖУВА  СО СВОЈАТА МИСИЈА  ЗА ЗАШТИТА НА НАШИТЕ ПРИРОДНИ БОГАТСТВА.  

Платформата за општествена одговорност на „СКОПСКО“, „Наша гордост. Наша одговорност. “ докажа дека заедничката акција носи вистински промени. Во изминатите две години, во кои во фокус беше Охридско Езеро, преку многубројни еколошки иницијативи – од чистење на природното богатство до поттик за селектирање – граѓаните се мобилизираа за позелена иднина.

„СКОПСКО“ во 2024 година организираше две големи акции за чистење на Охридско Езеро. Во јуни, 170 волонтери и нуркачи собраа 120 кубни метри отпад од брегот и дното на езерото. Во октомври, со поддршка од нуркачкиот клуб „Амфора“, беа отстранети 3.800 метри напуштени рибарски мрежи, кои го загрозуваа езерскиот екосистем. Со чистење на овие т.н, мрежи духови се обновуваат местата каде што порано се мрестеле пастрмките што придонесува кон  враќањето на ендемските видови во нивната природна средина.

Оваа платформа, меѓу другото, има цел да ги едуцира и да ги поттикне граѓаните да селектираат и самите да направат промена со која ќе ги заштитат нашите природни убавини. Преку апликацијата „Екомак “, „СКОПСКО“  воведе промотивна акција “Поен за тебе, поен за природата!“, која им овозможува на граѓаните да селектираат амбалажа и да собираат „зелени поени“. За таа цел Пивара Скопје преку  „СКОПСКО“ донираше две нови вендинг машини во Охрид и Струга. За два месеца беа собрани 120.000 парчиња амбалажа, а иницијативата продолжи низ целата држава.

Оваа година „СКОПСКО“ продолжува со активности во рамки на платформата. Од март ќе почне кампањата преку која, од секое продадено шише „скопско“ или „скопско смут“ со специјална етикета, ќе се собираат средства за активности посветени за заштита на нашите природни богатства.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маск: Одиме на Марс, животот на Земјата ќе биде уништен

Дејан Дејан

(фото)Истрчани 465 км на шестдневна трка – победничка од Македонија

Дејан Дејан

Најдолг избор на Папата траел три години – го избрале откако граѓаните го срушиле кровот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе