Две лица се приведени поради сомнение дека извршиле напат врз полициски началник во Кавадарци.
Тие ќе се гонат за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
– Двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено лице – полициски началник кој во моментот бил на должност и постапувал за откривање на дилери на дрога.
Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини, се вели во соопштението на обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.
Предлогот е прифатен и судот им определи притвор во траење од осум дена.