Вести Македонија

Второ одложено судење на кумановска градежна инспекторка која е обвинета за поткуп

Вторпат се одложува судењето на 60-годишната градежна инспекторка Лидија Трајковска во Основениот суд Куманово. Таа е обвинета за примање поткуп откако минатата година во октомври била фатена при земање мито од 4.000 евра од кумановски градител.

Главната расправа беше на предлог на одбраната, која побара време да ги проучи доказите кои денеска ѝ биле доставени од обвинителството, како и поради влошената здравствена состојба на обвинетата која денеска имала закажана контрола во болницата „8 Септември“ во Скопје, за да се утврди дали и е способна да го следи судењето и да изјасни во однос на обвинението. Трајковска во судот беше донесена со инвалидска количка.

Минатато рочиште било одложено поради отсуство на бранителите, едниот имал друго судење, а вториот нагло се разболел. Адвокатот кој минатиот пат бил болен, денеска поради повреда не можел да зборува, и го откажал полномоштвото во овој предмет.

Притворот за Трајковска од судија на претходна постапка е одреден на втори ноември мината година, поради можно влијание на сведоци и попречување на истрагата. Во меѓувреме истрагата завршила и подигнато е обвинение, а притворот ѝ е продолжен и потврден од Апелациониот суд во Скопје.

Семејството на градежната инспекторка на четври февруари го обвини Кумановскиот суд дека го крши законот со продолжување на мерката притвор, откако не ѝ била прифатена гаранција во недвижен имот, за да таа биде пуштена во домашен притвор.

Вчера во Кумановскиот суд било одржано судење за друг предмет, во кој оваа инспекторка е осомничена за злоупотреба на службена положба.

Градежна инспекторка доби кривична пријава затоа што наредила уривање на дивоградба со општински пари откако нејзиното семејство протестираше пред судот за долгиот притвор во завршена истрага за мито од 4000 евра

Кумановскиот суд врши тортура врз мојата мајка и ја држи во притвор иако нема причина, обвинува ќерката на осомничената градежна инспекторка од Куманово

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе