Вести Македонија

Кумановскиот суд врши тортура врз мојата мајка и ја држи во притвор иако нема причина, обвинува ќерката на осомничената градежна инспекторка од Куманово

Основниот суд во Куманово го продолжи за уште еден месец (4-ти по ред) притворот на градежната инспекторка која беше приведена во ноември поради примање поткуп. Семејството на осомничената го обвини судот за тортура бидејќи сметаат дека нема веќе причини за притвор бидејќи истрагата е завршена, а за неколку дена е закажано и првото судско рочиште.

Покрај тоа семејството посочи дека осомничената има неколку посети на болница, има и хронични болести и болнички уверенија дека не може да се лекува во затворски услови.

-Кумановскиот суд сето тоа го заташкува и донесува ослуки во нечиј личен интерес, а не во интерес на законот. Веќе 4-ти месец го крши законот и врши тортура врз мојата мајка и нашето цело семејство. Дали ова е начин да се прикрие вмешаноста на некој од судиите и дали се плашат дека ќе излезе и изнесе некои информации ако биде пуштена во куќен притвор, изјави Нена Трајковска, ќерка на осомничената, на прес конференција пред кумановскиот суд.

На почетокот на истрагата, притворот е определен поради можност од влијание на сведоци и истрага. Од обвинителството соопштија дека го барале притворот затоа што сметаат дека мерката е неопходна поради сериозноста на случајот. Досега во истрагата се преземени потребните дејствија за да обвинителниот акт биде издржан, изјавил за МТВ, обвинителот од Куманово, Зоран Марковски.

Градежната инспекторка вработена во општина Куманово беше уапсена на почетокот на ноември поради барање мито од познат градежник во Куманово.

-На 25.9.2024 година граѓанин пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т вршела контрола на објект што тој го градел и на записник констатирала отстапување од одобрението за градбаење. За да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежното ОЈО или суд, му побарала поткуп. Најпрво сума од 1.500 евра, за на 31.10.2024 година да ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра. На оштетениот му се дадени технички обработени пари, кои тој денеска во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т.. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници при СВР Куманово“, соопшти кумановската полиција по апсењето.

Градежна инспекторка доби кривична пријава затоа што наредила уривање на дивоградба со општински пари откако нејзиното семејство протестираше пред судот за долгиот притвор во завршена истрага за мито од 4000 евра

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе