Вести Македонија

Зафировски: Загадувањето влијае на централниот нервен и кардиоваскуларен систем

Секој осми човек во Макеоднија дише загаден воздух, вели директорот на Клиниката за пулмологија. На долги патеки загадувањето влијае и на централниот нервен систем, негативно влијае на кардиоваскуларниот систем и сето тоа доведува до комплетно заостанување и во развој кај децата,но и нивниот ментален и физички развој.

„Загадениот воздух доведува до предвремено родени деца, а секое новородено дете ќе има некои заболувања на белите дробови поради зголеменото заерозагадување на амбиенталниот воздух во Скопје и во сите поголеми градови во Македонија. Тука се Тетово, Битола, Струмица, Куманово кои имаат високо аерозагадување во зимски услови. Според СЗО имаме шест причинители кои директно влијаат на сите овие негативни здравствени проблеми. Односно тоа е озонот, сулфур диоксид, азотен моноксид, азотен двооксид, тешките метали и како ПМ честичките, ПМ10 и ПМ2.5 посебно малите честички влегуваат и во циркулацијата. Не само што прават оштетување и заболување кај белите дробови, тука ги афектира и кардиоваскуларниот нервен систем кој што дава потешки последици“ вели за Телма д-р Оливер Зафировски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Бројот на пациенти на Клиниката за Пулмологија оваа година во споредба со минатата е зголемен за 20%, а расте и бројот на случаи со рак на белите дробови, но и на другите органи и тоа е поради аерозагадувањето и лошиот квалитет на воздухот, додава Зафировски. Упати и апел до пушачите, да ја намалат со цигарите.

„За канцер на бели дробови е долготрајно консумирање на тутун, односно пушење на цигари. Барем во овие денови кога имаме енормно загадување да го намалат консумирањето на цигари бидејќи директно влијае, еден од основните предиктори е за појава на канцер на бели дробови“, вели за Телма д-р Оливер Зафировски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Според последниот извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој, Македонија е меѓу земјите кои се најпогодени од загадувањето на воздухот, односно има најмногу смртни случаи како последица на аерозагадувањето. Изложеноста на ПМ2.5 честичките, според извештајот, предизвикало околу 239 илјади предвремени смртни случаи во Европа во 2021 година, додека 48.000 луѓе починале како резултат на изложеност на азот диоксид. Скопје речиси две недели беше на врвот на листата на најзагдени градови во Европа, екологистите протестираа а надлежните бараа решение за загадениот воздух.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе