Вести Економија

Бауш: Мора да работиме на долгорочни политики за спречување на инфлаторните шокови

Ние произведуваме многу малку храна, затоа сме толку чувствителни на овие инфлаторни влијанија кои ни се случуваат, порача универзитетскиот професор Абил Бауш во вечерашната Топ Тема на Телма. Посочи дека иако ограничените мерки можат да дадат резултат во одреден краткорочен период за ублажување на ценовниот шок, сепак треба да се работи на долгорочни политики.

Соседна Србија, тие немаат такви инфлаторни шокови како нас, затоа што произведуваат храна. Во таа ситуација ние треба да ја поттикнеме конкуренцијата со таков арбитрарен пристап кон економијата, рече Бауш.

Горан Ѓорѓиевски од Сојузот на Стопански комори ја додаде и продуктивноста како уште еден од факторите кои можат негативно да влијаат врз цената.

Одливот на човечки ресурси кон западните земји предизвикува недостаток овде, невработеноста се намалува и голем притисок се прави да се покачат платите а сето тоа не е поврзано со зголемување на продуктивноста во општеството. Сега компаниите се наоѓаат во една лимбо зона, сите го истакнуваат тоа дека крајната цена сега директно е врзана со квантумот на плати. Од една страна ги слушаме синдикатите, јас не ги оправдувам, меѓутоа од еден аспект и ги разбирам, но не може константно да се излегува со ставови за поголеми плати а тоа да не биде поврзано со продуктивноста, рече Ѓорѓиевски.

Вели дека ниту една компанија или пак земјоделец не може да го работи тоа што го работи ако нема профит. самостоен производител не може да се занимава

Сега доаѓаме во ситуација во општеството кога има  излезна варијанта, не се занимавам со земјоделство, ќе одам надвор од државата. Има излезни варијанти, ќе се занимавам со друго, ќе заминам од Македонија. Суштината, а ова е потврдено, многу пати сме разговарале на оваа тема во комората дека немањето профитабилност за занимавање со земјоделие, и во било која гранка, или минимален профит, ретко која компанија можеби изразува профитабилност меѓутоа доколку има некој капитал внесено од други страни и доколку има високо продуктивно производство, ја подига продуктивноста преку високо софистицирани техничко технолошки средства, па може да извезе и испорача производ, меѓутоа најголемиот дел е ова, и затоа ни се случува ситуација да 80 проценти од храна и од суровини за храна ги увезуваме, а само 20 проценти ги произведуваме, рече Ѓорѓиевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе