Вести Македонија

„Атак врз судството и упад во судската власт“ – Судски совет контра Антикорупциска

Атак врз судството и упад во судската власт. Со овие зборови, претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева ја коментираше одлуката на Антикорупциска, според која советот треба да ги повлече своите двајца членови кои ги назначи во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Оваа тема ја бранува правосудната јавност, Советот номинираше двајца членови, а одлуката потоа донесе бројни реакции.

Невладини претходно укажаа дека тоа е спротивно на Законот за Академија за судии и јавни обвинители и Законот за спречување на корупција. Укажаа дека членовите на Судски доаѓаат од редот на судиите, но функцијата им е во мирување.

Претседателката на советот смета дека најрационално и најефикасно кога членови на Судски учествуваат во Управниот одбор на Академијата.

Дамева вели – нашето судство не познава „активни“ судии.

Одлуката на антикорупционерите е тенденциозна и резултат на толкување на законите, реагира претседателката на Судски во вчерашната Топ Тема на Телма.

Крајно разочарувачки и крајно тенденциозно е, во изреката стои „се запира постапката“ и се укажува на Судскиот совет каква одлука да донесе и во кој рок. Во какво својство се ставила ДКСК?! Ова е директен упад во судската власт, атак врз независноста и самостојноста и на одлучувањето на членовите на Судскиот совет и воопшто на судството, кажа Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет на РС. Македонија, ВО Топ Тема на Телма.

Вчера започнаа и јавните расправи за законските измени и за реформи на Судскиот совет. Потоа ќе се пишува законот, најави министерот за правда. Конечното законско решение се очекува да биде донесено најдоцна до јуни наредната година.

Претседателката на советот, кажа дека очекува со новите измени да има квалитетен избор на судии, кои ќе треба да понесат одговорност ако се огрешиле.

Дамева досега неколкупати истакна во јавноста и дека состојбата со човечки ресурси во судството е алармантна и не само што нема судии, туку е огромен дефицитот и во контекст на судската администрација, а поради предвидените финансиски средства – наместо решенија на проблемите, пропаѓаат нови вработувања.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битка за македонското столче во судот во Стразбур- 21 кандидат досега се пријавиле за функцијата која трае девет години

Дејан Дејан

„Од ВЛЕН остана лен“, Али Ахмети во Свиларе го прекина политичкиот молк, Мицкоски вели – односите во Владата се одлични

Дејан Дејан

Бејзароски во Топ Тема: Дискреционите права на министрите се извор на дискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе