Вести Свет

Русија лансираше дронови со термобарични боеви глави врз три украински градови

Војната во Украина влегува во последните месеци од третата година а насилството меѓу двете страни се одвива со несмален интензитет. Во текот на ноќта беа извршени напади со беспилотни летала врз Киев, Одеса и Харков.

Во пристанишниот град Одеса, украинските служби за итни случаи соопштија дека едно лице загинало, а девет се ранети. По нападите во областа избувнал и пожар во неколку куќи. Во Харков, вториот по големина град во Украина лоциран во североисточниот дел на земјата, најмалку 25 лица се ранети во текот на ноќта во руски напад врз станбена зграда.

Шефот на регионалната државна администрација во Харков, рече дека Русите фрлиле бомби од 500 килограми. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак соопшти дека Русите синоќа извршиле ракетен напад врз Киев.

Новинските агенции информираат и дека бројот на загинати во вчерашните руски напади врз јужниот украински град Запорожје се искачи на осум. Руски бомби вчера погодија болница и станбени згради соопштија локалните власти.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битка за македонското столче во судот во Стразбур- 21 кандидат досега се пријавиле за функцијата која трае девет години

Дејан Дејан

„Од ВЛЕН остана лен“, Али Ахмети во Свиларе го прекина политичкиот молк, Мицкоски вели – односите во Владата се одлични

Дејан Дејан

Бејзароски во Топ Тема: Дискреционите права на министрите се извор на дискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе