Спорт Тенис

Гоф ја победи Швјонтек, Сабаленка и официјално е број 1 за 2024 година

Кого Гоф ја совлада Ига Швјонтек во два сета и се пласираше во полуфиналето на ВТА завршниот мастерс турнир што се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.

Со поразот на тенисерката од Полска, Арина Сабаленка и официјално ќе ја заврши 2024 година на 1.место на ВТА-листата.

Гоф ја победи бранителката на титулата со 6-3 и 6-4 за втор триумф во меѓусебните 13 дуели во кариерата. Американката воедно ја прекина и низата од шест победи по ред на Пољачката на ВТА финалето. Со оваа победа Гоф сигурно финишира помеѓу двете најдобри во портокаловата група, а дали ќе биде прва или втора ќе зависи од дуелот со Барбора Крејчикова во 3.коло. Чешката тенисерка денеска ја совлада Џесика Пегула со 6-3 и 6-3. Во последното коло Швјонтек игра со веќе елиминираната Пегула.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе