Спорт Тенис

Зверев ги уништи француските надежи во Париз за седма мастерс титула

Александер Зверев ја освои седмата мастерс титула во кариерата по триумфот во финалето во Париз и тоа против домашниот фаворит Иго Умбер.

Германскиот тенисер немаше милост кон Французинот и во големото финале славеше со убедливи 6-2 и 6-2. За Зверев ова беше втора мастерс титула сезонава по онаа во Рим, а вкупно седма во кариерата.

Тој со денешниот триумф го мина првиот светски рекет Јаник Синер по бројот на победи во 2024 година, односно има 66 победи, наспроти 65-те на Италијанецот.

Умбер целеше да стане вториот Французин што го освоил турнирот во Париз по Жо Вилфрид Цонга во 2008 година, но и натаму останува без мастерс титула во кариерата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе