Вести Македонија Најважни

Обвинителство отвори предмет против новиот директор на АНБ, по анонимна пријава за фалсификување документ

Обвинителството потврди дека примиле анонимна кривична пријава со наводи дека Бојан Христовски, директорот на АНБ, приложил исправа со невистинита содржина, за да ги исполни условите и да биде назначен за директор на тајната служба. Пријавата се однесува на јазичниот ТОЕФЛ сертификат на Христовски од бугарската јазична школа “Јулија”, а сертификати од “Јулија” во судски постапки во Македонија веќе се прогласени за фалсификати.

-Во текот на вчерашниот ден е примена кривична пријава од анонимен подносител, по што согласно законските одредби е отворен предмет и доделен на обвинител за работа, ни одговорија од обвинителството.

Ова е прва предистрага во обвинителството за Христовски и неговото назначување поради сомнежи дека не исполнува повеќе услови за вршење на највисоката безбедносна позиција во државата.

Првично, обвинителството соопшти дека ќе ја почека одлуката на Антикорупциската комисија, а одлуката на ДКСК ја чекаше и премиерот Мицкоски. ДКСК пак нема овластувања и законски механизми за истражни дејствија и порача дека секој може да си ги работи истрагите и обврските согласно законските надлежности.

Опозицискиот лидер Венко Филипче во Собранието покажа документи во кои според него сс гледа дека Христовски не го исполнува и клучниот услов за функцијата односно нема 5-годишен стаж на раководни позиции во безбедносни институции. Филипче рече и дека не смее директор на АНБ да има извршено кривично дело и тој треба да биде разрешен.

Премиерот Мицкоски пак одговори дека стажот од  условите не е клучен во целиот случај туку стравот на некои структури е во некои припадници на службите, кои според него во  претходниот период, како опозиционер, го следеле со дронови. Мицкоски извади и купче документи кои според него се јазични сертификати на припадници на сегашната опозиција или директори од времето на владеење на СДСМ.

Нови докази против Христовски, дронови за шионажа на опозиција, купчиња туѓи јазични сертификати- лидерски двобој во Собранието за новиот директор на АНБ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе