Вести Македонија

Таравари: Ние ќе се обидеме на секој начин Законот за бранители да не помине

Од што зависи опстанокот на ВРЕДИ?

Притиснати од конфликтот со ДУИ  за легитимноста, од роковите за ЕУ процесот, апсолутната доминација на ВМРО-ДПМНЕ, одлуките на за балансерот, “локалната“ академија на науките, здравствен систем кој се распаѓа.

Во Вин-Вин интервју со Арбен Таравари – Министер за здравство.

„Генерално, многу е битно овој период да бидеме трезвени и многу умни. Се наоѓаме во многу битен и важен  период за државата, бидејќи се во една раскрсница кога се одлучува за иднината на државата, не за една или две години, туку за наредни 50 или 100 години. Мора сите шафовски потези да се играат мудро, некогаш тие мудри потези во политиката можат да коштаат врз кредибилитетот и рејтингот, не се толку битни колку што е битно понатамошниот пат на државата“ вели Арбен Таравари.

„Со господинот Мицкоски се знаеме од крајот на 2019 година, а искуството е релативно коректно, но не можам да гарантирам, но во однос на тоа како се однесуваме, односот според мене е коректен и партнерски, за многу нешта сме разговарале и за повеќето од тие работи сме се договориле“ додаде Таравари.

Тој додаде дека екипа од 4 месеци, не може да функционира без грешки, и дека коалицијата на власт сѐ уште треба да се синхронизира и да се координира подобро.

„Законот за бранители е 5 или 6 пат што се предлага, а пет пати се гласа за овој закон. И кога некој тоа го прави намерно во првите 100 дена од Влада, јас ви гарантирам дека од СДСМ воопшто не им е гајле, имале седум години пред тоа, секој човек може да разбере дека ова е тенденциозно. И од наша страна е легитимно со демократски алатки во Собранието да оневозможиме. Ние ќе се обидеме на секој начин овој закон да не помине“ изјави Арбен Таравари.

Гледајте Вин-Вин со Оливера Трајковска вечерва во 19 и 15 часот на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Мицкоски: Апсолутно не гледам потреба за зголемување на буџетот за правосудниот систем

Дејан Дејан

Граѓаните ќе плаќаат данок од 18 отсто на сите пратки од „Тему“ и „АлиЕкспрес“кои се над 22 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе