Гужвите и доцнењето на автобусите го разбуди револтот кај граѓаните, па дел од нив денеска решија да излезат на протест. Според информации на Телма, жители на Кисела Вода во попладневните часови ќе се соберат да изразат незадоволство поради долгото чекање и неможност некогаш да влезат во автобусите поради метежот во нив. На ваков чекор се решиле и жители од други општини.
ЈСП сообраќа со недоволен број на автобуси, а речиси две недели приватните превозници возат делумно, затоа што чекаат зголемување на цената на изминат километар. Откако советничката од редовите на Алијанса за Албанците поднесе иницијатива, за советот правно не беше возможно, па затоа управниот одбор на претпријатието треба да донесе мислења за овој проблем на приватниците.
Според информации на Телма, состанок се очекува да има во текот на денот, а потоа мислењето да допатува во градскиот совет на гласање. Останува нејасно дали со овој чекор ќе се изнајде решение за проблемот на скопјани?