Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Бугарија сака да ја вовлече Македонија во нивното предизборие, но нема да влегуваме во такви замки, вели премиерот Христијан Мицкоски по ставот на бугарското министерство за надворешни дека процесот на евроинтеграции не дозволува посредување меѓу Европската унија (ЕУ) и земја-кандидат, што го понуди премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Мицкоски вели дека предлогот бил даден во име на унгарското претседателство на ЕУ и додаде дека е подготвен за разговори, но не со уцена и ултиматум.

Бугарското МНР вчера излезе со став дека процесот на евроинтеграции се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат. Единствена гаранција за успех е исполнувањето на поставените критериуми и услови, е ставот на бугарското министерство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Дејан Дејан

Таравари: На две столчиња не можеме да седиме, од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има предвремени избори

Дејан Дејан

Црн чад од оџакот на Сикстинската капела – без избор на Папа по првото гласање во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе