Вести Економија Македонија Најважни

Се уште не се знае дали стотина основни прехранбени производи ќе бидат со замрзнати цени или пак ќе им се ограничува маржата

Деталите за тоа колкаво ќе биде намалувањето на цените на основните прехрамбени и замјоделски производи ќе се знаат во понеделник. Министерот за економија, Бесар Дурмиши, вели дека работната група на изготвувањето на мерката работи уште денеска, по што треба да ги соопшти конечните предлози, дали ќе се замрзнат цените на одредено ниво или ќе се намали маржата, а во вторник документот треба да се најде на владина седница.

Со есенската потрошувачка кошница треба да поевтинат над 100 производи, како пекарски и млечни производи, некои видови месо, овошје и зеленчук.

Денеска работната група од Министерството за економија, земјоделие и Министерството за финансии уште работат, таа работна група е во тек со оваа програма, на крајот на денот, или поконкретно во понеделник ќе имаме јасен одговор и документот или предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада и таму ќе се усвои оваа одлука и ќе бидат известени и медиумите и граѓаните“, изјави Бесар Дурмиши .

Граѓаните се жалат дека секојдневно се соочуваат со нови повисоки цени во маркетите и на пазарите и дека не можат да го издржат бранот поскапувања, во однос на примањата кои ги имаат, а најпогодени се пензионерите. Сметаат дека ваква мерка е задоцнета, требало да се донесе порано, пред цените да станат толку високи.

Откако ќе се покачат цените енормно и уште повеќе ќе се покачат, ние тогаш ќе донесеме мерки? Требаше до сега 10 пати да ги замрзнат цените на основните прехранбени работи, брашно, леб, зејтин, шеќер, сол, а не моливи и тетратки“.

Скапо е многу е скапо “.

Никогаш олку високи не биле, во споредба со заработувачката на луѓево, да не зборам за нас пензионерите, кај нас тоа е покатастрофално. Мислам дека со овие мерки што сега ги презема Владава, малку задоцнето, можеби нешто ќе се среди, но се надеваме на подобро“.

Од Владата најавуваат дека по примерот на есенската кошничка, во следниот период ќе се изготвува и зимска, велигденска, рамазанска кошничка. Стабилизирање на цените се очекува и со примената на Законот за нефер трговски практики, кој треба да почне да се применува од 28 септември.

Данијела Билбилоска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Русија направи голема отстапка што не ја зазеде цела Украина

Дејан Дејан

Бугарија сè уште не ѝ одговорила на Македонија на барањето за средба

Дејан Дејан

Филипче негира дека има златна виза за Дубаи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе