Вести Македонија

Владата засега нема план да купи нови автобуси за Скопје од државниот буџет

Владата засега нема план да купи нови автобуси за Скопје од државниот буџет.

Премиерот Мицкоски рече дека проблемот што скопјани го имаат со јавниот градски превоз нема да се реши ако сега почне постапката за набавка на 250 еколошки автобуси.

Според него потребна е мобилизација во ЈСП со вистинско и наменско трошење на средствата кои скопјани преку градската каса му ги даваат како субвенција на градското претпријатие.

На последната седница на Град Скопје советниците на ВМРО – ДПМНЕ гласаа против одликата дека има потреба од набавка на автобуси, а градоначалничката Арсовска му испрати писмо на премиерот и му предложи ако владата не може, тогаш Град Скопје ќе најде пари за набавка на автобуси.

Мицкоски вели дека јавниот превоз во Скопје треба да се решава паралелно со другите општини. Од утре на сметка на општините ќе легне вкупна сума од 100 милиони евра пари обезбедени од ребалансот на буџетот, кои ќе бидат потрошени за спортски сали, објекти од културата, како и патишта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе