Вести Македонија Топ вести

Помор на риби во Вардар – причина се фекалии и хемикалии кај Градско

Голем помор на риби се случи утрово во Вардар кај Градско, откако напукна браната на Биогасна централа. Поморот го откри рибочуварската служба на здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес, откако почувствувале неподнослива миризба на фекалии на местото каде истекуваше течното ѓубриво во реката.

„Во 5 часот добивме информација од рибарите кои беа во тој ревир дека има големо истекување на фекална течност во реката Вардар. Подоцна, во 7 часот, дознавме дека браната на Биогасната централа е напукната и фекалиите кои се користат за производство на биогас се излеале во реката Вардар. Настана помор на риби кои отидоа надолу по течението на реката Вардар“, вели Даниел Наумоски од ЗСР „Бабуна“ од Велес.

Наумоски вели дека веднаш бил известен Државниот инспекторат за животна средина, а од таму информираат дека во тек е вонреден инспекциски надзор по пријава за истекување на големи количини на течно ѓубриво во реката Вардар од биогасната централа во Градско.

„Со извршениот вонреден инспекциски надзор на местото на настанот, при што е утврдено истекување на многу големи количини течен пост дигестат (ферментирано течно ѓубриво кое се користи за наѓубрување на земјоделски површини), а е производ после завршената анаеробна ферментација во дигесторите за производство на биогас. Овој пост дигестат кој е складиран во бетонски резервоар во кругот на биогасната централа во сопственост на Вардар Био Процес ДОО Градско, од приемна шахта преку цевковод се складира во земјена лагуна, која е во непосредна близина на земјоделските површини кои се наѓубруваат“, се наведува во соопштението на Државниот инспекторат за животна средина.

Инспекторите утврдиле дека насипот попуштил утрово после 5 часот, при што големи количини од течното ѓубриво завршило на околните земјоделски површини, но голем дел е истечен и во Вардар, по што е дадена усна наредба за да се санира насипот со механизација. За исходот од инспекциската постапка која е во тек и за преземените инспекциски мерки по хаваријата, јавноста ќе биде информирана следната недела, откако ќе биде завршен целосно инспекцискиот надзор.

Но, спортските риболовци од Велес велат дека на целиот ревир, каде имаат концесија, му се случува еколошка катастрофа, затоа што ова не е изолиран случај, туку, како што покажаа анализите на Хидробилошкиот завод од Охрид, водата и во Велешкото езеро е загадена и е опасност за здравјето на капачите и опстанокот на живиот свет.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Дејан Дејан

Таравари: На две столчиња не можеме да седиме, од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има предвремени избори

Дејан Дејан

Црн чад од оџакот на Сикстинската капела – без избор на Папа по првото гласање во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе