Борба против Лажни вести Вести Култура

„Патот до вистината“ уметничка инсталација на Миневски посветена на борба против лажните вести

Уметничката акција „Патот до вистината“ претставува просторна уметничка акција и интервенција преку која младиот уметник/скулптор Андреј Миневски ја третира темата на лажните вести кои се присатни насекаде околу нас и кои не ретко оневозможуваат цели групи и заедници да ја видат вистината, заслепувајќи ја јавноста со шарени лаги  спакувани во лажни веасти на кои наседнуват голем број граѓани.

Авторот на ова дело поаѓа од констатацијата дека во турбулентни периоди во кои наместо вистината доминираат лаги, а наместо доблестите  доминираат лажни вредности, секој треба да го прави она што најдобро знае (во овој случај уметникот креира лесно читливо и атрактивно уметничко дело кое се спротивставува на лажните вести)  и на тој начин да се вклучи во борбата против лажните вести кои одвнатре го нагризуваат нашето општествто насочувајќи ги луѓето кон погрешни заклучоци.

Самата инсталација се состои од велосипед кој има два гидона (волани) кои се насочени во различни односно спротивни правци симулирајќи ги на тој начин лажните и реалните вести. Самиот велоситед кој завзема централно мество во делото/акцијата се стреми да  се искачи на врвот на поставената (од метал) изработена патека бидејќи таму се наоѓа вистината, но за жал патот на неколку места му е поречен со лажни вести од различна природа  во при што  доминираат невистините насочени кон Европската унија, војната во Украина, глобалното затоплување и климатските промени, но и сомнителни теории на заговор, антиваксерски наративи но и тотални глупости како приказните дека земјата е рамна плоча и слично.

Акцијата односно скулптуралната инсталација е изработена во метал и е со димензии 400х180цм.
Делото е поставено (ќе биде) поставено во јавен простор во центарот на градот на малиот сквер кај Ким на крстосницата на улиците Ленинова (Аминта трети) и булевароит Партизански оддреди

Оваа акција е подготвена од страна на Центарот за современи уметности во рамките на проектот „Со уметност против лажни вести“, поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе