Вести Македонија Топ вести

Шест пратеници од новиот парламентарен состав не поднеле изјава за имотна состојба до ДКСК

Истече рокот во кој најголем дел од членовите во новиот парламентарен состав требаше да го пополнат анкетниот лист на Антикорупциска во кој ќе ја наведат својата имотна состојба пред да стапат на финкцијата.

Според податоците на ДКСК шест пратеници воопшто не доставиле изјава. За нив покренато е поведување на прекршочна постапка, вели претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска.

Таа во гостување на 24 вести најави и дека по обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ за хациендата на Славјанка Петровска ДКСК ќе отвори претставка, иако екс министерката за овој случај водеше судски спор и докажа дека таа не е на нејзино име.

Исто така Димитровски информира дека по допрен глас оформиле предмет во однос на патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на Самитот на НАТО и испратиле допис до Генералниот секретаријат на Владата со барање да им биде доставена целокупната документација.

Рече дека во моментов течат роковите за тоа, а доколку не бидат испочитувани ќе биде поведена прекршочна постапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе