Досегашниот претседател на Советот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани е избран за вршител на должноста градоначалник на Општина Гостивар.
На денешната вонредна седница на Советот, тој го доби мнозинството гласови, а против гласаа осуммина од советничката група на ДУИ.
Лимани важи за близок соработник на претходниот градоначалник Арбен Таравари, кој претходно во изјава посочи дека е можно решение и тој да ја преземе раководната функција.
Лимани пред изборот за в.д. градоначалник го отстапи претседавачкото место во советот.
По гласањето неговата функција ќе ја извршува универзитетскиот професор Намик Дурмиши од редовите на Алијанса за Албанците која е блиска до актуелниот министер за здравство.