Вести Магазин Топ вести

За изработка ги плаќа 57 долари, ги продава по 2.790 долари – сознанија од истрага за „Диор“

Луксузниот моден бренд Диор, кој е во сопственост на LVMH, плаќа изненадувачки ниска за производство на торби кои подоцна ги продава за 2.780 долари, откри неодамнешна истрага на добавувачите на Диор.

Покрај торби, модниот бренд е познат и по други производи, како накит и гардероба кои често доаѓаа во продавниците со високи цени.

Отворена е истрага, а на мета на инспекторите беше фабриката која произведува „диор“ торби. Според документите кои ги открија властите, луксузниот моден бренд му плаќа само 57 долари на добавувачот за изработка на торба. Подоцна ги продава по цена од, речиси, 3.000 долари.

Слична била ситуацијата во во фабриката на брендот „Џорџо Армани“, бидејќи компанијата плаќала 99 долари за производство на торби кои подоцна чинеле 1.900 долари во нејзините продавници.

Според извештајот на „Волстрит Џурнал“, производствените цени не вклучуваат трошоци за материјал, додека компаниите „посебно ги покриваат трошоците за дизајн, дистрибуција и маркетинг на призводите“.

Властите отворија истрага по наводите дека двете компании експлоатирале странски работници за производство на луксузни производи по ниски цени. „Ројтерс“ пишува дека LVMH заврши во судска постапка во текот на минатиот месец, поради соработка со компании во кинеска сопственост чии работници спиеле во фабриките, за да можат да имаат „работна сила на располагање 24 часа дневно“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе