Вести Македонија

Владата повторно ќе се оградува со метална ограда, одлучено е на денешната владина седница

По денешната седница на владата, прес службата на кабинетот на Мицкоски објави дека е почната постапка за враќање на оградата околу владиниот објект на Илинденска.

-Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена. Истовремено директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка, соопшти владата.

Оградата беше поставена за време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ кога премиер беше Никола Груевски. Објектот беше реновиран во барок стил, под фасадата беше ставен  стиропор, а околу објектот и дворот беше изградена оградата од бела поплочена основа и со ковано железо. Едно од образложенијата за оградата беше и зголемување на безбедноста на владата.

Иако тогаш имаше протести бидејќи дел од владиниот двор беше користен и за поминување на граѓаните, кованата ограда издржа до промената на власта и во времето на кабинетот на Заев и СДСМ, таа беше отстранета од пред владиниот објект. Само делот со кованото железо беше префрлен во касарната Илинден, но поплочената основа остана со столбовите.

Александар Пандов назначен за нов директор на затворската Управа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Настов е нов директор на „Свети Наум Охридски“, Мехмедовиќ на Клиниката за физикална медицина – Таравари со кадровски решенија за дел од здравствените установи

Дејан Дејан

Маричиќ, Шаќири и Бајрами остануваат на државна плата

Дејан Дејан

Нова судска драма за уставната судијка Кацарска: На Судскиот совет предводен од Дамева „му текна“ дека пред две години ја пензионирале како судијка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе