Uncategorized

Англија има 14 ресори, Франција – 15, ние ќе имаме 20, а ниту сме богати, ниту сме паметни, ниту имаме потреба од толку – Давитковски во „Топ тема“

Нема реформи во јавниот сектор, ова значи дека нема да правиме реформи во јавниот сектор. И во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ направи една африканска влада, многу министерства ги подели, но шнајдерски, без да се направи функционална анализа. Ако се земат надлежности на едно, да се пренесат на друго, истакна професор доктор Борче Давитковски во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Тое само поделија. На пример Транспорт, телекомуникации, врски го направија Екологија и просторно планирање. Просторното планирање остана да виси, бидејќи логично е приврзок на транспорт и врски. На секои четири години се прават реформи на јавниот сектор. Основната болест каде што не може да се направи реформата е разграничување на дуплирање, триплирање, четириплирање на функциите. Значли, надлежностите на министерствата останаа, луѓето останаа, а ние имаме нови органи. И сега за одредена област имате три-четири-пет министерства кои што се надлежни, а функционално граѓаните не чувствуваат ниту еден бенефит“, смета Давитковски.

Според него, сега се повторува тоа.

„Во теоријата има принципи врз чија основа се прави секоја реорганизација на министерствата. Англичаните не се глупави луѓе. Паметни се. Тие правеа реформи од 1900 година до 1915 година, укинаа многу министерства за колонии, за бродови, итн. Па, втората реформа ја направија 80-тите години, кога беше Тачер. Значи по 80 години. Ние, како што нè дал Господ, шнајдерски правиме вакви министерства, онакви министерства. Кога англиската влада е 13 министерства, француската е 14, европските влади се околу 14-15 ресори, ние сега ќе имаме 20. Ниту сме богати, ниту сме паметни,  ниту имаме потреба од толку ресори“, вели Давитковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и многу топло, попладне локален пороен дожд и услови за невреме

Дејан Дејан

„Вин-Вин“ (20.06.2024) Коалициски апетити или реформски резови, европска деблокада или тивка изолација

Дејан Дејан

Таравари во „Топ тема“: Јавното здравство е пред хаварија, а Македонија го има еден од најлуксузните и најдобри приватни здравствени системи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе