Вести Свет

Г7 ветија продолжување на поддршката за Украина и побараа прекин на огнот во Газа

Лидерите на земјите членки на Г7 го завршија тридневниот самит во Италија, а во заедничката декларација ги соопштија одлуките за кои постигнале согласност во идиличната Апулија. Тие вчера постигнаа согласност да обезбедат 50 милијарди долари помош за Украина, искористувајќи ги приходите од замрзнатите руски средства во западните банки.

Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина. Одлучивме да ги систематизираме и диверзифицираме нашите напори во пристап од 360 степени за да му помогнеме на Украинскиот народ и неговата иднина. Г7 ја потврди својата посветеност и постигнавме договор за дополнителна финансиска поддршка поврзана со дополнителните профити од руските средства замрзнати во нашите јурисдикции, рече италијанската премиерка џорџа мелони во видео обраќањето по завршувањето на самитот.

Седумте најразвиени земји го поддржаа американскиот план за ставање крај на војната помеѓу Израел и Хамас во Газа, а кој ќе доведе до прогласување итно примирје, ослободување на сите заложници и патека до конечно решавање на конфликтот преку т.н решение на две држави.

Г7 исто така се заложи да се направат сите напори да се спречи ескалација во регионот, и да се постигне трајно политичко решение на кризата во форма на „два народи, две држави“, порача мелони.

Дел од медиумите соопштија дека некои од членките не биле задоволни со заклучоците кај прашањето за конфликтот во Газа. Според нив, Франција и Канада сакале во завршните заклучоци да биде вметната и осуда за акциите на израелската армија во Појасот Газа, но на тоа жестоко се спротиставиле САД и Германија. Незадоволството беше евидентно и во изјавата на францускиот претседател, чија оценка беше дека на самитот биле постигнати корисни резултати.

Овде си овозможивме, и за Украина и за Блискиот Исток, да постигнеме вистински компромиси, што беше и очекувано. Значи, ова беше корисен Г7, со корисни резултати, а потоа во текот на следните недели ќе се создадат услови за политички компромиси, особено за овие два конфликти, изјави по самитот Макрон.

Голем успех, особено за Италија, се заклучоците кои се однесуваат на создавање заеднички пристап за борба против нелегалната миграција.

Се согласивме дека е неопходно да се изгради соработка на глобално ниво и да се равие нова стратегија заснована на различни патокази, почнувајќи од потребата да се изгради глобална алијанса против трговците со луѓе и да се систематизираат напорите да ѝ се спротивставиме на оваа напаст која го поттикнува протокот на нелегалната миграција и претставува нова форма на ропство, рече мелони.

Мелони посочи дека членките се согласиле да соработуваат со земјите на потекло и транзит за да се одговори на причините кои ја поттикнуваат нелегалната миграција.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Доналд Сатерленд- канадското уметничко засилување на холивудскиот филм

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова – Агелер: Евроинтеграциите позитивно влијаат врз демократската и економската консолидација на земјите од регионот

Дејан Дејан

Свесна стратегија за нов геополитички и евроинтегративен ќорсокак или излезна по „гафот“ на Силјановска – аналитичарите во „Вин-Вин“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе