Москва ќе го прекине огнот и ќе започне „веднаш“ мировни преговори доколку Украина ги повлече трупите од четири региони и се откаже од кандидатурата за членство во НАТО, ова се условите на рускиот претседател Владимир Путин.
- Украинските трупи мора целосно да се повлечат од Доњецката и Луганската народна република, регионите Керсон и Запорожје. Покрај тоа, внимавајте тие мора да се повлечат од целата територија на овие региони, во нивните административни граници што постоеја во времето на нивното влегување во Украина. Штом Киев ќе изјави дека е подготвен за таква одлука и ќе започне вистинско повлекување на војниците од овие региони, а исто така и официјално ќе извести за напуштање на плановите за влез во НАТО, ние веднаш, буквално во истиот момент ќе дадеме наредба за прекин на огнот и почеток на преговори, рече Путин на состанокот со руските дипломати во Москва.
Втор ден Самит на НАТО во Брисел, сојузниците разговараат за безбедноста и треба да се договорат за долгорочна поддршка за Украина. Најголемата светска безбедносна алијанса не испраќа оружје или муниција во Украина како организација и не планира да испрати војници на теренот, тука се договорите на билатерална основа, но тука е Унгарскиот премиер ВикторP Орбан, чија влада нема да обезбеди ниту средства ниту воен персонал. Сепак шансите за постигнување се подобрија тој вети вети дека нема да стави вето на одлуката. НАТО сојузниците досега одвојуваа 2% од буџетот, но дали се тие доволни.
- Многу е важно да признаеме дека финансирањето во моментов треба да се зголеми, а немаме доволно средства и пари во одбраната, а веруваме дека 2% не се доволни, треба да одиме понатаму од тука. Естонскиот предлог беше дека можеби треба да размислиме од 2,5%, Естонија инвестира 3,4(%) оваа година, а во наредната година тоа е повеќе од 3%, рече Хано Певкур, естонски министер за одбрана.
- Испорачавме. Обезбедивме веќе три системи Патриот. Ние не сме задолжени да направиме повеќе во ова прашање, одговори Борис Писториус, германски министер за одбрана.
Бајден рече дека САД имаат обврски од пет земји кои тој не ги именуваше да и дадат на Украина ракети Патриот и други системи за воздушна одбрана. Тој рече дека земјите кои го очекуваат истото оружје од САД им било кажано дека ќе мора да почекаат затоа што „сè што имаме ќе оди во Украина додека не се задоволат нивните потреби“, рече Бајден. Зеленски рече и дека договорот вклучува борбени авиони Ф-16 и друго оружје што Украина го бара долго време.
Во исто време на Самитот на Г7 во Италија, украинскиот претседател Зеленски и претседателот на САД Бајден потпишаа 10-годишен билатерален безбедносен договор, кој Киев го поздрави како „историски“. Договорот предвидува американска воена помош и обука за Украина – но без обврска за Вашингтон да испрати војници да се борат за својот сојузник.
- Дозволете ми да завршам со ова: презедовме три главни чекори во Г7 кои колективно му покажаа на Путин дека не можеме, тој не може да не чека. Тој не може да нè подели. И ние ќе бидеме со Украина додека тие не победат во оваа војна. Прво е штотуку потпишаниот билатерален договор за безбедност за обезбедување на 50 милијарди долари од руските суверени средства за Украина Руската економија збирно, ова е моќен сет на акции и ќе создаде посилна основа за успехот на Украина, истакна Бајден.
Украина од почетокот на руската инвазија потпиша 15 билатерални безбедносни договори со голем број земји – од Обединетото Кралство, Франција и Германија до Италија.
Претходно, лидерите на Групата седум (Г7) договорија заем од 50 милијарди долари за Украина користејќи замрзнати руски средства како колатерал, додека Британија и Канада, исто така, одделно најавија нова финансиска и воена поддршка за Киев.
Билјана Ставрова