Вести Македонија Топ вести

ЦУК: Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Ослободено е мече, кое било заглавено во гранки на дрво во двор на викендица во Маврови Анови. Случајот бил пријавен утрово во 7:35 часот на Единствениот број за итни случаи 112, соопшти Центарот за упрување со кризи (ЦУК).

Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги известил Националниот парк „Маврово“ и МВР.

Ренџерски тим од НП „Маврово“ веднаш се упатил кон заглавеното мече, а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот. Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките.  Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума, се наведува во соопштението од ЦУК.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ и Велика Британија го направија првиот чекор во ресетирање на односите по Брегзит

Дејан Дејан

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Кој калкулира, а кој менува страна – најави за средби и разговори неделава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе