Вести Македонија Топ вести

Министерот Шаќири потврдува дека го потпишал решението за отпочнување со работа на Факултетот за здравствени науки во Струга, но вели дека се е законски

„Би сакал да појаснам дека министер не може да основа високообразовна установа. Тоа е цела постапка во која се инволвирани повеќе надлежни институции и органи, а меѓу нив и Министерството за образование кое во суштина, има најмалку надлежности.  Инаку, како и за повеќе други факултети, така и за овој ,по доставениот извештај од страна на комисијата во МОН, потпишав Решение за исполнетост на условите за почеток со работа на високообразовната установа. Ништо противзаконски и ништо самоволно“, вели Јетон Шаќири, министер за образование и наука. 

Пред една година, САД го ставија градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на црната листа поради корупција и мешање во судски процеси, а непожелни за влез се и сопругата и трите полнолетни деца. Еден од синовите е сопственик на Еуро колеџ Струга, во чија соспвеност е, пак, Меѓународниот универзитет. Против струшкиот градоначалник во моментот се водат и неколку судски процеси. Тој е обвинет за злоупотреба на службата при набавката на луксузното службено ауди, и за незаконски назначување на директори во струшки училишта.

Универзитетот на Мерко ќе продуцира и медицински сестри

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ и Велика Британија го направија првиот чекор во ресетирање на односите по Брегзит

Дејан Дејан

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Кој калкулира, а кој менува страна – најави за средби и разговори неделава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе