Вести Најважни Свет

Хантер Бајден е прогласен за виновен за нелегално купување на оружје – Џо Бајден најави дека нема да го помилува

Хантер Бајден, син на претседателот на САД, Џо Бајден, е прогласен за виновен за нелегално купување и поседување на оружје, јави „Скај њуз“. Тој се товари по три обвинувања, поврзани за огнено оружје во првото кривично гонење на син на актуелен американски претседател.

Обвинителите рекоа дека лажел при пополнување на формуларот за купување на револвер „колт кобра“ во октомври во 2018 година, наведувајќи дека не е корисник на дрога, ниту зависник и покрај проблемите со кокаин.

Хантер Бајден се изјасни дека не се чувствува виновен по обвиненијата за кривичните дела кои вклучуваат лажење за својата зависност при пополнување на владин документ за проверка при купување на револвер и нелегално поседување на оружје во 11 дена.

Пресудите се донесени по тричасовен состанок на поротата.

Неговиот адвокат Ејб Лоуел пред поротниците рече дека неговиот клиент не се обидел да измами, бидејќи бил чист кога го купил пиштолот и тогаш не се сметал за корисник на дрога.

Хантер не сведочеше на судењето што се одржа во Вилмингтон, во Делавер, родниот град на Бајденови.

Според насоките за изрекување на казни за обвиненија поврзани за оружје, казните се движат меѓу 15 и 21 месец, но правните експерти велат дека обвинетите во слични ситуации честопати добиваат помали казни.

Исто така, малку е веројатно дека ќе добие затворска казна, ако се придржуваат до предусловите за судењето.

Случајот со Хантер Бајден следува по уште еден историски преседан во минатиот месец, кога Доналд Трамп стана прв поранешен претседател на САД кој е осуден за кривично дело.

Демократите го посочија случајот како доказ дека Џо Бајден не го користи правосудниот систем во политички цели, порачувајќи минатата недела дека нема да го помилува својот син ако биде осуден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе