Спорт Тенис

Надал нема да игра на Австралија опен: Има нова повреда на колкот

Рафаел Надал ќе го пропушти претстојниот грен слем турнир Австралија опен и ќе се врати во Шпанија за рехабилитација на повредата на колкот.

Шпанскиот ас се повреди на турнирот во Бризбејн и тоа во третата рунда во поразот од Џордан Томсон. Надал се врати на терените по пауза од речиси една година и ги доби првите два меча на турнирот во два сета.

Поранешниот најдобар светски тенисер објави дека има повреда на мускул кај колкот, но не на истото место како и претходно, кога паузираше речиси цела година.

Австралија опен, грен слем на кој Надал триумфираше два пати, стартува на 14 јануари. Шпанецот сега ќе се фокусира на кам-бек за Ролан Гарос во мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милевски: Во Велс очекувам сличен натпревар како и оној во Скопје

Дејан Дејан

Белами: Македонија се брани длабоко, но добро игра во контранапад

Дејан Дејан

Реми за бараж, чудо за прво место: Македонија на клучно гостување кај Велс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе