Вести Македонија

На Царев врв на Осоговските планини ќе се гради модерен ски центар

Истокот во срцето на Осоговските планини ќе добие модерен ски центар. На Царев врв на надморска височина од 2.085 метри се предвидува изградба на  еден од петте најголеми ски центри на Балканот, со  девет жичари и три ски лифтови. Државата издвои шест милиони денари за ажурирање на физибилити студија и идеен проект за Урбанистички план.

Доколку се реализира овој проект, шанса за развој на ски туризмот ќе имаат општините Македонска Каменица, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово. Според директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Зуица Ангелова за 6 месеци треба да биде завршена документација.

Ски центарот ќе се гради по принцип на јавно –приватно партнерство, а првично проценетата вредност на инвестицијата е 120 милиони евра. На истокот има само еден ски центар, а тоа е Пониква, каде што изминатите години се изградија голем број на  викенд куќи, а се отворија и угостителски објекти.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: ДУИ прво ме контактираа мене со цел да ја растурат коалицијата „Вреди“

Дејан Дејан

Меџити: Членството на АА не сака да биде „гума за спасување“ на ДУИ

Дејан Дејан

Во Алијансата за Албанците не размислуваат сите како Таравари, тврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе