Вести Македонија Најважни

Наместо заеднички заклучоци, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на дијаметрално спротивни страни за случајот Онкологија

Заклучоците кои требаше да ги донесе собраниската Анкетна комисија за случајот со Клиниката за онкологија се претвори во бојно поле меѓу пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателската на комисијата Рашела Мизрахи во заклучоците наведе дека политичката одговорност за случајот на Онкологија носат поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поранешните директори на клиниката Нино Васев и Нехат Нухи, на Фондот за здравство Стево Крстевски и Фатон Ахмети и поранешната дректорка на здравствениот инспекторат Ирина Бухова.

Ова за СДСМ е неприфатливо. Обвинија дека Мизрахи ја злоупотебила комисијата и побараа нејзина оставка.

Во паузата од комисиската расправа што ја даде Мизрахи одржа долга прес-конференција, на која цитираше кои закони се прекршени и кои се институциите кои затаиле во работењето на Клиниката за онкологија.

Спротивно на ова, СДСМ тврди дека вака Комисијата била формирана само заради собирање политички поени. Имаат свои предлог заклучоци во кои не се наведуваат имиња. Се констатираат системски слабости во работењето на Клиниката и се сугерираат начини како да се подобри состојбата на Клиниката.

Анкетната комисија беше формирана на барање на ВМРО-ДПМНЕ откако се појавија сомнежи за малверзации со билошката терапија на Клиниката за онкологија. Целта беше да се утврди хронологијата на настаните и евентуална политичка одговорност.

Марија Дивитарова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Трагедијата можеше да се спречи, сега бараме одговорност“ – родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје

Дејан Дејан

ВО САБОТА ПО ВТОР ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ГОЛЕМИОТ ЕКО-НАСТАН VIVAX ЧИСТКА НА ВОДНО

Дејан Дејан

Дел од роднините на средба со обвинителите по одговори за истрагата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе