Претседателката ЕК, Урсула фон дер Лајен ја заврши својата балканска турнеја со денешната посета на Белград. По средбата со државниот врв на Србија рече дека руската војна во Украина доведе до длабока геополитичка промена, а Европската Унија на врвот на својата агенда, ја има темата за проширувањето. На Вучиќ му порача дека Србија мора претходно да ја заврши својата домашна задача, односно дека мора да започне со имплементација на актуелните договори од дијалогот со Косово и да не се губи време со тоа.
На прашањето што значи ‘де факто’ признавање на Косово од страна на Србија, за што еден ден порано таа зборуваше во Приштина, Лајен речи дека се работи за спроведување на Охридскиот договор.
- Руската војна во Украина доведе до длабока геополитичка промена. А со турбуленциите што ги гледаме денес, исто така, факт е дека Европската Унија, како што реков на врвот на својата агенда, ја има темата за проширувањето. Мораме да се подготвиме за проширување, а земјите-членки, кои се земји кандидати, треба да се подготват и земјите кои се земји кандидати за проширување. Затоа сега има поместување, моментум, кој треба да го искористиме, бидејќи покажува многу позитивен став кон тоа како можеме да го оствариме тоа, да имаме проширување на земјите кои се во пристапниот процес? Значи, мојата порака е во основа двојна, ајде да ја завршиме домашната задача, ве молиме направете ја вашата домашна задача и ајде да се подготвиме и да го искористиме моментот за навистина да направиме значителен чекор напред во процесот на проширувањето, рече Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија во Белград.