Балкан Вести Топ вести

Осиек пред прогласување еколошка катастрофа – Да не се консумираат плодовите од бавчите и овоштарниците во околина на пожарот

Страшниот пожар во Осиек, во фабриката „Драва“ го загрижи целиот регион. Епидемиологот Никола Краљиќ ги предупреди локалните жители да не јадат овошје и зеленчук од нивните градини поради можност за контаминација.

Во фабриката гори пластика, чии испарувања можат да влијаат врз здравјето, па раководителот на епидемиолошката служба во Заводот за јавно здравје на Осиечко-барањската жупанија и член на Кризниот штаб, Никола Краљиќ, го предупреди населението да не ги конзумираат плодовите од нивните градини.

„Во моментите кога има големо количество чад и согорување на пластика, се креваат голем број честички кои ќе го загадуваат воздухот и земјата не само краткорочно, туку и долгорочно време. Затоа се препорачува да не се консумира храна од бавчи и овоштарници“, рече тој.

Главната порака е да не се користат овошјата и зеленчуците, но доколку мора да се консумираат, мора добро да се измијат и механички да се исчистат.

„Сè додека не видиме колкави се концентрациите на честичките и точно во кои зони, бидејќи во моментот тие лебдат во воздухот и порано или подоцна ќе бидат однесени или ќе паднат во радиус од неколку километри од пожарот“, објаснува Краљиќ за хрватските медиуми.

Градоначалникот на Осиечко-барањската жупанија Иван Анушиќ изјави дека мештаните „веќе 20 години предупредуваат за проблемот“.

(видео)Пожар од невидени размери во близина на Осијек, Хрватска- гори пластична амбалажа

„Пластичен отпад се депонира во дворот на фабриката, на површина од десет хектари и висина до осум метри. Пластиката беше натрупана една врз друга, слободна проценка е дека се работи за околу 500.000 кубни метри пластика. Тоа само по себе беше еколошка опасност, а сега кога отпадот се запали под тотално чудни околности, се разбира дека е многу полоша ситуација за сите што живеат во близина на фабриката“, рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Судот е мафија, таткото на Фросина за 12-годишната затворска казна за возачот кој ја прегази неговата ќерка

Дејан Дејан

Васил Јованов осуден на казна затвор од 12 години за смртта на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Русија прогласена за виновна за уривање на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година во кој загинаа 298 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе